Фото: Маја Јаневска-Илиева

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 612.391 граѓани, информира Министерството за здравство. Прва доза вакцина вчера примиле 11.732 граѓани, а се вакцинирале вкупно 17.427 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.097.855 дози вакцини, а ревакцинирани се 485.464 граѓани.

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, објаснуваат од здравство.

Со последните бројки 68 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 66 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 62 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 53 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

– Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата – потенцираат здравствените власти.