Тајванските здравствени власти казнија индонезиски рибари со 3.610 долари затоа што ги напуштиле хотелските соби за време на карантин за нешто повеќе од една минута.
Рибарите пристигнале во Тајван со авион на 15 ноември 2020 година и се пријавиле во установата за карантин. Вечерта на 22 ноември излегле од собите за да купат храна. Кога влегле во лобито на хотелот, персоналот им рекол веднаш да се вратат во собите, што и го направиле.
Сепак, и покрај тоа што биле отсутни нешто повеќе од една минута, рибарите биле казнети од здравствените власти, објавија тајванските медиуми.
Но бидејќи не платиле навреме, официјалните лица објавија дека должат 9.700 долари за казни и такси за собата. Нивниот работодавец на крајот ја плати сумата во име на двајцата казнети.
Тајван има некои од најстрогите правила за карантин во светот. Во 2020 година беше објавено дека работник мигрант од Филипините бил казнет со околу 3.500 американски долари затоа што ја напуштил својата карантинска соба во Каосиунг за само осум секунди.