Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека му е жал што отсуствувал од работното место и му се заблагодари на Доминик Раб што го менувал. Тој упати благодарност и до граѓаните во своето прво обраќање до нацијата по опоравувањето од вирусот Ковид-19. Тој рече дека пандемијата е најголем предизвик за државата од Втората светска војна и истакна дека државата напредува во таа борба.
Како што рече тој, постојат знаци дека Велика Британија го достигнала врвот на болеста и ја спречила преоптовареноста на Националната здравствена служба.Според него, може да се каже дека започнува пресврт.
– Вирусот е како крадец, тоа го велам од лично искуство и ова е моментот кога почнуваме да го соборуваме на земја – рече Џонсон.
Тој порака дека е премногу рано да се ублажат мерките, бидејќи второто појавување на вирусот може да биде катастрофално, но и дека ја разбира загриженоста на продавачите, уметниците и секој што е вклучен во бизнисот.
– Треба да го разбереме ризикот од вториот циклус. Ве замолувам да ја сузбиете вашата нетрпеливост затоа што верувам дека сега доаѓаме до крајот на првата фаза – рече Џонсон и додаде дека владата ќе ги ублажи мерките откако ќе се утврди дека нема да има втор бран.
Џонсон исто така рече дека сака да ја вклучи опозицијата што е можно повеќе во борбата против вирусот.