Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека овозможил лекот кој се користи против маларија да се тестира на пациентите заразени со коронавирус и дека засега покажува добри резултати.
Се работи за лекот хидроксиклорокин, а Трамп тврди дека би можел речиси веднаш да биде достапен за лекување на ковид-19, јави Си-ен-ен.
– Нема никого да убие. Лекот веќе некое време се користи така што знаеме дека ако не делува како што предвидуваме, сепак, нема да убие никого – рекол Трамп во Белата куќа.
Додал дека се работи за вообичаен лек кој наскоро ќе биде достапен на рецепт за лекување на заразените со коронавирус.
Трамп е убеден дека овој лек ќе промени сè.
– Мораме да ја отстраниме секоја непотребна пречка. И го направивме тоа. Имаме добри резултати – рекол Трамп.