Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сите докази укажуваат оти новиот коронавирус бил пренесен од лилјаци во Кина кон крајот на минатата година и дека не потекнува од лабораторија.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека владата се обидува да утврди дали вирусот потекнува од лабораторија во Вухан.
– Сите расположиви докази укажуваат дека вирусот потекнува од животни и не бил направен или манипулиран од научници – рече портпаролката на СЗО, Федела Чаиб, на конференција во Женева, а пренесе „Ројтерс“.
Сè уште не е јасно како вирусот се пренел од животни на луѓе, но, според здравствените експерти сосема е сигурно дека домаќин-носител било животно.