Заменикот на премиерката на Нов Зеланд, Винстон Питерс, денеска повика да се одложат општите избори планирани за септември, со оглед на ненадејниот пораст на случаите на ковид-19 во земјата, со што го засили притисокот врз премиерката Џасинда Ардерн да го одложи гласањето.
Минатонеделното повторно ширење на инфекцијата во Окленд – откако земјата немаше регистрирано случаи цели 102 дена, ја загрозува можноста за одржување на слободни и фер избори на 19 септември, истакна Питерс, лидер на новозеландската партија „Фрст“во писмото до Ардерн.
Питерс, кој власта ја предаде на Лабуристичката партија со договор за коалиција, откако на изборите во 2017. ниту Националната, ниту Лабуристичката партија не го освоија потребното мнозинство, предлага изборите да се одржат на 17 октомври или на 21 ноември.
Денес, земјата забележа 13 новозаразени, со што бројот на активни случаи достигна 69 лица. Ардерн минатата недела воведе двонеделен карантин за Окленд, најголемиот град на Нов Зеланд со 1,7 милиони жители.
И опозициската Национална партија сака одложување и се надева дека Арден, која првично доби пофалби за справувањето со пандемијата, ќе изгуби дел од својот рејтинг кога ќе започнат тешкотиите предизвикани од карантинот во Окленд.
Официјални лица веруваат дека новиот бран на вирусот во Нов Зеланд е увезен од странство, но и натаму не успеваат да откријат како тоа се случило.