Франција е само на почетокот на кризата со коронавирусот и се бори со времето да го спречи нејзиното ширење, изјави францускиот претседателот Емануел Макрон.

        
– Ние сме во почетокот на кризата. Ги презедовме вонредните мерки за да го апсорбираме првиот бран, но започнавме трка со времето за борба против вирусот – рече Макрон на почетокот на кризната седница во Министерството за внатрешни работи.
        
„Треба да реагираме веднаш и да се реорганизираме секој момент“, додаде тој.