Велика Британија би можела да се соочи со една година на мерки за социјална изолација за да се овозможи на Националниот сервис за здравје да се справи со коронавирусот, пишува во најновите објавени експертски совети до министрите на владата на Белика Британија, пишува Индипендент.

Денес објавените документи укажуваат на согласноста на експертите дека единствената реална перспектива за контролирање на вирусот и спречување на преоптоварувањето на одделенијата за интензивна нега, е да се започне со наизменична политика на строги и помалку строги правила за социјално дистанцирање.

Вчеравечер премиерот Борис Џонсон изјави дека Велика Британија би можела да се справи со оваа болест во рок од 12 недели.

Документот веројатно ќе постави сериозни прашања за владата во врска со нејзината политика и дали Велика Британија прави доволно во борбта против заразата