Работниците во германскиот јавен сектор следната година ќе добијат бонус од 1.300 евра поради пандемијата на коронавирус и 2,8 отсто повисока плата.
Повеќе од милион работници во јавниот сектор во германските покраини ќе добијат бонус без данок, најдоцна до март следната година.
Договорот уследи по заканата од штрајк на работниците во универзитетските болници, детските градинки, училиштата и полициските оддели.
Преговорите траеја цел викенд, соопштија тамошните власти.
Претседателот на синдикатот Верди Франк Вернеке рече дека договорот е фер.
Преговорите започнаа кон крајот на летото.
Синдикатите бараа зголемување на платите за најмалку 150 евра месечно или околу пет отсто.
Побараа за 300 евра повисоки плати за работниците во здравството.
Ова беше нереално за сојузните држави поради веќе постоечките високи трошоци за здравството, економијата и локалните власти поради пандемијата.