Постои помал ризик од хоспитализација од омикрон отколку од делта-сојот, покажуваат две британски студии.
Анализата на лондонскиот Империјален колеџ покажа дека заразените со омикрон имаат околу 20 отсто помали шанси да завршат во болница во однос на заболените од делта-сојот. Оваа анализа ги вклучува сите случаи на ковид-19 потврдени во Англија во првата половина на месецов, во кои може да се идентификува варијантата – 56 илјади случаи на омикрон и 269 илјади случаи на делта-видот.
Во засебна студија спроведена од истражувачи од Универзитетот во Единбург, се заклучува дека ризикот од хоспитализација е за две третини помал кај омикрон. Младите луѓе исто така се помалку склони за развивање на тешки симптоми од омикрон, според студијата, но речиси 24 илјади случаи на омикрон во Шкотска биле главно кај луѓе на возраст од 20 до 39 години. Ширењето на омикрон е во рана фаза, но зголемената преносливост може да создаде проблеми.