Австралија денес објави дека е потврден првиот смртен случај од коронавирус оваа година и рекордни нови 77 случаи во државата Нов Јужен Велс.

Во последните недели оваа држава се бори со зголемен број случаи на заболени со новиот делта-сој кој првпат се појави во Индија.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан, предупреди дека бројот на случаи во и околу најголемиот град во државата, Сиднеј, каде што на сила е тринеделна блокада, се очекува да порасне во наредните денови.