Бројот на заразени со коронавирус во Египет надмина 50.000, откако во таа земја се пријавени 1.218 нови случаи.
Според Министерството за здравство, во таа земја се разболеле вкупно 50.437 лица, а починале 1.938 пациенти, пренесува Ројтерс.
Најнаселената арапска држава воведе мерки во март односно ги затвори училиштата, рестораните и беа откажани скоро сите меѓународни летови.
Египет се надева дека ќе може повторно да прими туристи оваа летна сезона, а аеродромите ќе бидат отворени за меѓународни летови од 1 јули.