Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата ги следела неодамнешните движења на лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Пригожин се вратил во својата земја од Белорусија, каде што дошол според договорот за прекин на бунтот во Русија на 24 јуни.
– Она што можеме да го кажеме за Пригожин е дека внимателно следиме каде се движат војниците на „Вагнер“, а исто така и каде се движи тој – рече Столтенберг.
– Нема да навлегувам во детали, но видовме одредени подготовки за прием на големи групи војници на „Вагнер“ во Белорусија. Досега не сме виделе толку многу од нив да отидат во Белорусија – рече тој.
– И тогаш видовме дека Пригожин малку се движи – рече Столтенберг, додавајќи дека нема да навлегува во детали.