Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемуваат за 0,5 денари за литар, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 82 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 84,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77 денари.
За 1,5 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе се продава за 76,5 денари.
Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,065 денари и килограм ќе чини 42,262 денари.