Шпаркасе Банка со гордост го најавува започнувањето на соработката со Влатко Стефановски, еден од омилените музичари на македонската и на балканската публика. Во рамките на своите заложби за општествена одговорност и иновативно претприемништво, банката планира соработката со Стефановски да биде насочена кон поддршка на младите луѓе и целокупната уметничка сцена во државава. Оваа соработка е составен дел од пошироката регионална кампања „Верувај во себе“ што ја спроведуваат членките на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе.
– Предводени од нашиот корпоративен слоган „Верувај во себе“, ние цврсто веруваме дека за постигнување успех, клучно е да верувате во себе, во своите квалитети и моќта да ги менувате работите. Веруваме во храбри и посветени луѓе, кои целат кон повисоки вредности и ги поместуваат границите, па токму затоа го одбравме Влатко Стефановски за наш бренд-амбасадор. Тој за нас е синоним за личност со воодушевувачки талент и квалитет, посветен професионалец и музичар што отсекогаш верувал во себе и во својот сон. Сметаме дека токму Влатко идеално ќе ја пренесе нашата силна порака кон младите луѓе да веруваат во себе, во своите креативни способности и потенцијали, постојано да се надоградуваат и да учествуваат во значајни проекти за македонската уметност и култура. Банката и натаму останува силно посветена на визијата да биде водечка банка по квалитетот на услуга, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените, но истовремено продолжуваме да инвестираме во заедницата, во културата и во иновативните идеи што го движат бизнисот напред. Веруваме во нашите клиенти и во потенцијалот на нивните идеи – изјави Санел Кустурица, претседател на Управниот Oдбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.
– За презентирање на сопствените идеи, потребни се умешност и храброст. Нема лесни победи, упорноста и вербата во себе се клучни. Во оваа пригода би сакал да изразам благодарност до тимот на Шпаркасе Банка за укажаната доверба, драго ми е што во мене препознале талент, истрајност и успех. Пред нас стојат многу концерти и проекти, и верувам дека заеднички ќе уживаме во нивната реализација. Се надевам на успешна соработка на обострано задоволство – изјави Влатко Стефановски, новиот бренд-амбасадор на Шпаркасе Банка АД Скопје.
Со соработката со Влатко Стефановски, Шпаркасе Банка го означува почетокот на пошироката кампања „Верувај во себе“ и настаните што подоцна ќе следуваат во рамките на платформата „Шпаркасе Life“, чија цел е поддршка на иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред и активности поврзани со екологијата, образованието, спортот, здравството, како и ранливите и маргинализираните групи.
Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Lизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.
Комерцијална објава