Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 отсто во однос на одлуката од 14.8.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек зголемување кај бензините за 2,556%, кај дизелот има намалување за 2,35%, кај екстра лесното масло намалување за 1,609% и кај мазутот намалувањето е за 1,91%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,34%
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,5 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,5 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,567 ден/кг и сега ќе изнесува 46,025 ден/кг.
Од 22.8.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,025 (денари/килограм)
-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.8.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени – велат од РКЕ.