На атрактивна локација на есен се отвора новиот шопинг мол „Ист Гејт Мол“, кој со право може да се вброи во категорија на најмодерни шопинг центри во регионот. Компанијата „Тинекс“ го отвора својот прв хипермаркет од ваков тип во рамки на голем трговски центар како што е „Ист Гејт Мол“.
Компанијата „Тинекс“ ќе биде застапена со два концепта во „Ист Гејт Мол“. Со уникатниот хипермаркет кој ќе се простира на површина од 2.000м2, а ќе претставува идеална и иновативна комбинација од „Супер Тинекс“ и „Деликатесен Тинекс“. Овој концепт ќе вклучува преку 30.000 внимателно избрани производи од различни категории, како и ексклузивни увозни производи од престижни светски производители достапни единствено во продажната мрежа на „Тинекс“.
Во рамки на хипермаркетот ќе има месарница со широк избор на свежо домашно месо, зреено месо и месо од најделикатесната светска селекција на говедско месо.
Во скоп на хипермаркетот ќе има и пекара во која секојдневно ќе се печат различни видови на леб и печива, а модерната пиљара ќе располага со широк асортиман на свежо овошје и зеленчук, како и јужно и егзотично овошје и органски производи.
Производите ќе бидат изложени според последните светски стандарди и со соодветни ознаки во просторот. „Тинекс“ хипермаркетот ќе има најмодерен и современ изглед. Ентериерот ќе биде изработен од квалитетни природни материјали и ќе биде место каде што граѓаните ќе уживаат во пазарувањето во пријатна атмосфера со убава музика и типско осветлување.
Вториот концепт во „Ист Гејт Мол“ ќе биде парфимеријата „Космо“, уникатна продавница за убавина во градот. На површина од 300м2 во „Космо“ ќе бидат достапни префинети мириси од ексклузивни Niche брендови, парфеми, природна и органска козметика, селективна и декоративна козметика од најпознатите светски козметички куќи.
Со отворање на новиот хипермаркет и новата „Космо“ дрогерија, компанијата „Тинекс“ придонесува за отворање на нови 60 работни места.

„Тинекс“ има иста визија и дели исти вредности со „Ист Гејт Мол“, затоа креиравме нов креативен концепт со нова понуда и квалитетна услуга, а инспирацијата ни се секогаш клиентите.