Фото: ЕПА

ТЕНИС

  • Не сакам да велам дека ќе бидеме Јаник, јас и другите. Да видиме кој ќе биде таму. Мошне сум сигурен дека многу играчи ќе се појават, рече Алкараз по триумфот на Отвореното првенство на Виена

Карлос Алкараз очекува трката за врвот кај тенисерите да биде повеќе од трка меѓу двајца, меѓу него и Јаник Синер во 2027 година, и не очекува да има недостиг од вистински кандидати за големите титули, пишува агенцијата „Ројтерс“.
– Претсезоната навистина е важна. Можам да ви кажам дека играчите ја сфаќаат претсезоната навистина сериозно, посветувајќи ги тие недели на напорен тренинг за да бидат во добра форма. Александар Зверев ни покажа што е способен да направи. Најдобриот играч годинава. Тој заслужува да биде таму. Да видиме дали ќе продолжи да ги прави одличните работи што ги прави годинава во 2027 година. Бен Шелтон стигна до своето прво финале на гранслем-турнир и мислам дека е амбициозен и гладен за повеќе следната година. Неколку други, исто така, играат одлично и ќе се обидат да работат најдобро што можат за да бидат најдобри в година. Не сакам да велам дека ќе бидеме Јаник, јас и другите. Да видиме кој ќе биде таму. Мошне сум сигурен дека многу играчи ќе се појават – им рече Алкараз на новинарите по неговиот триумф на Отвореното првенство на Виена.
Алкараз ја освои својата седма гранслем-титула на Австралија опен пред повредата на зглобот да го остави надвор од игра повеќе од четири месеци. Откако се врати на САД опен, тој освои трофеи во Токио и во Виена. Тој ќе се обиде да ја заврши сезоната на високо ниво на мастерс-турнирот во Париз неделава и на финалето на АТП од 15 ноември, пишува „Ројтерс“. Н.М.