Фото: приватна архива
  • Се трудиме постојано и навремено да ве информираме за новите
    наслови од литературата за деца. Денес, накусо ви ги претставуваме книгите „Распеаниот лифт“ на Татјана Гогоска и „Ти си херој“ на Денис Бојаров. Се надеваме дека ќе ве заинтересираат и дека ќе бидат ваша летна незадолжителна лектира

Деновиве од печат излезе новата книга за деца „Распеаниот лифт“ од авторката Татјана Гогоска. Станува збор за деветто нејзино дело, а седмо што е наменето за најмладата читателска публика.
„Распеаниот лифт“ е збирка раскази наменети за деца од пет до 12 години. Тринаесетте раскази ги раскажува главниот лик, осумгодишното девојче Бистра, со помош на вториот главен лик во книгата, а тоа е лифтот што е распеан и што се наоѓа во дванаесеткатницата во центарот на градот. Расказите се раскажуваат трослојно, еднаш од авторот, еднаш од Бистра и третиот пат од илустраторката Елена Максимовска, која секој расказ го пресоздава во магичен визуелен приказ.
Според рецензентката Лилјана Пандеца, спојот на литературата, ликовната уметност и музиката, ја прави книгата вистинско креативно четиво за децата.
Книгата излезе од печат со поддршка на Министерството за култура и туризам во годишната програма за 2026 година, а издавач е „КАТ продукција“-Скопје.