Жртвата на многу ниските теператури е Ј.П.(58) од селото Равоник кај Корча. Тој патувал со велосипед, се зализгал, изгубил свест и паднал, по што починал.
Лекарите од регионалната болница во Корча потврдиле дека смртта настапила како последица на студот.
Подрачјето на Корча секоја зима е погодено од големи снежни врнежи и сибирски температури кои во просек одземаат по пет човечки животи.
На територијата на Албанија деновиве има многу ниски температури, а снежната покривка достигнува над 30 сантиметри. Во ридско-планинските подрачја, како што е подрачјето на Голо Брдо и Гора, снегот е над 40 сантиметри, поради што повеќе села се отсечени од светот.