Фото: ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да постигне договор за прекин на војната во Украина и оцени дека конфликтот би можел да заврши до крајот на неговиот претседателски мандат, кој истекува во ноември 2028 година.

Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп, одговарајќи на прашање дали очекува војната да заврши додека тој е на функција, рече дека е уверен оти тоа ќе се случи.

„Мислам дека ќе заврши. Дури и мислев дека ќе заврши порано. Верував дека тоа ќе биде најлесното прашање за решавање, бидејќи добро се сложувам со двајцата лидери. Навистина мислев дека тоа ќе биде мојата најлесна задача“, изјави Трамп.

Тој додаде дека е во постојана комуникација со рускиот претседател Владимир Путин и повтори дека смета оти Москва е подготвена да постигне мировен договор.

Воедно, се потсетува дека во периодот од март 2023 до октомври 2024 година, Трамп повеќепати изјавуваше дека доколку биде избран за претседател, ќе ја заврши војната во Украина „во рок од 24 часа“ или уште на првиот ден од својот мандат.