Фото: З.А / Илустрација

Пожар попладнево избувна во парк-шумата „Гази Баба“, на потегот меѓу населбите Железара и Автокоманда во Скопје, пренесе МИА.

Жители од Железара на социјалните мрежи објавија фотографии и видеа на кои се гледа густ чад што се издига од шумскиот предел.

На местото на настанот се упатени екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на локализирање и гаснење на пожарот.

Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту дали се загрозени луѓе или објекти. Надлежните институции се очекува да соопштат повеќе детали по завршувањето на интервенцијата.