Фото: Нова Македонија / Илустрација

Шумски пожар попладнево избувна во атарот на селото Бајково, во општина Ново Село, на падините на планината Огражден, при што постои опасност огнот да се прошири кон црквата „Св. Петар и Павле“, пренесе МИА.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека поради ризикот од ширење на пожарот, во секој момент се очекува да полетаат два ер-трактори на ДЗС, кои ќе им се приклучат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД „Рис“ во гаснењето на огнената стихија.

Во акцијата за локализирање на пожарот активно учествува и локалното население, кое помага во заштитата на црквата „Св. Петар и Павле“.