Фото: МВР
Вчера во периодот од 17 до 23 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување спроведоа акциска контрола на подрачјето на град Струмица, со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети, кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, информираше Министерството за внатрешни работи.
– При контролата изречени се вкупно 70 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела. Од нив, една мерка за возач на тротинет, пет мерки за измината важност на сообраќајна дозвола на мотоцикл, 31 мерки за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитен шлем (кацига), три мерки за несоодветна категорија, три мерки за неистакната регистарска таблица итн. Откриени се шест кривични дела, од кои едно малолетно лице, и истите се лишени од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“, Одземен е и еден мотоцикл за измината важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци по член 344 од ЗБСП. За сите сторители изготвени се соодветни поднесоци – информираа од МВР.
Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.