ФУДБАЛ – ФИНАЛЕ НА КОНФЕРЕНЦИСКАТА ЛИГА
- Двата тима се подготвуваат за своето прво големо европско финале, уживаат во само вторите европски сезони. Победникот во идната сезона ќе игра во Лига Европа
Кристал палас од Англија се среќава со Рајо Валјекано од Шпанија во финалето на Конференциската лига во Лајпциг, вечерва (21 часот), во меч за пласман во Лига Европа во идната сезона.
Двата тима се подготвуваат за своето прво големо европско финале (за Рајо, нивно прво големо во кое било сениорско натпреварување), уживаат во само вторите европски сезони и ниту еден од нив нема огромно искуство на ова ниво, но најефикасните тимови во натпреварувањето сезонава стигнаа далеку без оглед на тоа, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА).
Клубот од јужните предградија на Лондон направи голем чекор напред под водство на Оливер Гласнер, кој го предводеше Кристал палас до нивната прва титула во ФА-купот на Англија во 2025 година, а сега и до нивното прво континентално финале (што ќе биде неговиот последен натпревар како тренер пред да замине). Австриецот има претходно искуство кога станува збор за европски спектакуларни настапи, неговиот тим Ајнтрахт од Франкфурт го победи Глазгов Ренџерс во решавачкиот натпревар во Лига Европа во 2022 година.
– Победата во ова финале би била совршен крај. Кога гледате филм, кога читате книга, секогаш се надевате дека има среќен крај. Да се заврши ова повеќе од двегодишно патување со уште еден трофеј, со првиот европски трофеј во историјата на Кристал палас, тоа би било неверојатно – рече Гласнер, пренесе УЕФА.
Клубот од работничката населба Ваљекас има непоколеблив дух, како и конкурентен тим сезонава под водство на тренерот Ињиго Перез. Поранешниот играч од средниот ред на Атлетик Билбао создаде тим што има голови од секоја линија. Алемао постигна четири погодока од почетокот на лигашката фаза, а Алваро Гарсија и Иси Паласон постигнаа по три. Како и Палас, ова ќе биде нивниот прв натпревар во Германија и ќе бидат желни да го направат натпревар што никогаш нема да го заборават, пишува УЕФА.
– Играчите не размислуваат дали има повеќе од 30.000 луѓе, дали ќе постигнат гол, дали натпреварот е нерешен, туку, тие се фокусирани на тоа да ги прават работите што ја демонстрираат суштината на групата, на нашиот фудбал… личност со храброст со топката, што мислам дека е она што ги одржа сите други големи работи што ги има тимот – вели Перез, пренесе Европската фудбалска унија. Н.М.

































