Во Младинскиот културен центар во Скопје, со настанот наречен „(Со) стих спроти наратив!“, започнува 6. „Скопски поетски фестивал“. Фестивалот ќе се одржува до 9 мај во Младинскиот културен центар и во „Буква“. Оваа година учесници се поети од Кина, Хрватска, Словенија, Турција, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора и од Македонија.
‒ Со ова мото сакаме да ја одбележиме стогодишнината од раѓањето на Ален Гинзберг и да покажеме колку неговата поезија е податлива за толкување и на денешните состојби во светот – изјавија организаторите.
Како преднастан на официјалното отворање е предвидена читачката промоција на поетската панорама на поезија пишувана од млади „Техна и епистема“, што по повод мини-јубилејот пет години „Отскочна даска“, ја објави „ПНВ Публикации“ од Скопје. На програмата е и поетско-музичкиот перформанс „Другиот не сум јас“ на Марија Вујошевиќ и Барбара Делаќ од Црна Гора во киното „Фросина“ во МКЦ. Автор на постерот е Андреј Павлов.






























