Реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун во февруари 2026 година е зголемена за 11,1 отсто во споредба со истиот месец лани – соопшти Државен завод за статистика.
Според објавените податоци, во трговијата на мало во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, прометот во оваа група номинално е зголемен за 16,7 проценти, додека реалниот раст изнесува 11,1 отсто.
Кај трговијата на мало со непрехранбени производи, без гориво, е забележан номинален пад од 3,4 отсто, додека реално има раст од 3 проценти.
Вкупната трговија на мало, без трговијата со горива, бележи номинален раст од 7,1 отсто и реален раст од 8,1 процент.
Во сегментот на трговија со автомобилски горива, пак, е регистриран реален пад од 8,5 проценти и минимален номинален пад од 0,3 отсто.































