Фото: Маја Јаневска Илиева

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение до Основниот кривичен суд Скопје против едно лице за кривично дело – примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинението, во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, обвинетиот примил вкупно 50.000 евра со намера да посредува и да го искористи своето влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје. Целта била преку поткуп да се изврши службено дејствие што не би смеело да се спроведе, пренесе МИА.

Од обвинителството информираат дека, поради непроменети околности, е поднесен и предлог за продолжување на веќе изречената мерка против обвинетиот.