Поради моменталната криза на Блискиот Исток, глобалните пазари имаат очајна потреба од руска нафта, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, , пренесе Бета.
– Ситуацијата е сосема јасна. Меѓународната енергетска инфраструктура не може да си дозволи да изгуби големи количества руска нафта – рече портпаролот на Кремљ, додавајќи дека руската нафта е од суштинско значење, пренесе МИА.
САД вчера привремено ги укинаа санкциите за руската нафта што моментално е на море, дозволувајќи ѝ да се испорачува до клиенти низ целиот свет, со цел да се ограничат цените на енергијата што растат поради агресијата против Иран.































