Поради посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во централното подрачје на Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Од СВР Скопје апелираат до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот за време на посетата.
Надлежните најавуваат можни привремени застои и пренасочувања на сообраќајот во централното градско подрачје.
































