Eksplozija
Фото: ЕПА/ илустрација

Медиумски извештаи наведуваат дека денеска се слушнале експлозии во Бахреин и Абу Даби, градови во кои се наоѓаат американски воени бази, но информациите засега не се официјално потврдени од надлежните власти.

Во меѓувреме, властите во Катар, каде исто така има американска воена база, испратиле предупредувања преку мобилни телефони со апел граѓаните да останат во затворен простор – објави „Гардијан“.

Според соопштението на катарското Министерство за одбрана, системите за противракетна одбрана успешно пресретнале иранска ракета која била насочена кон територијата на земјата.