Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата по енормното загадување на водата за пиење и за основни животни потреби.
ОЈО денеска соопшти дека во координација со МВР – ОВР Струга издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде што се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење.
– При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје – стои во соопштението.
Според информацијата, ќе бидат преземени и други дејства на проверки.

































