Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата.
За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
-На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, Скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди – информира МВР.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.



































