Стопанствениците од Прилеп, Битола, Кавадарци, денеска во Прилеп, на средба со заменик министерот за економија Марјан Ристески, со директорот на УЈП Елена Петрова, се запознаа со новиот закон за работно ангажирање на лица што стапува во сила од први јануари 2026 година.
Заменик министерот за економија Марјан Ристески, истакна дека со стопанствениците разговарале за предностите од законот и како ќе можат стопанствениците да ги ангажираат лицата.
– Тука ќе бидат вклучени сите лица приматели на социјална помош, пензионери, лица кои сакаат дополнително да работат во неколкуте стопански гранки – земјоделство, угостителство и другите услужни дејности. Ова од причина што нема доволно работна сила и овој закон ќе ја пополни празнината од работна сила. Ги информиравме стопанствениците дека во областа земјоделство ангажираните лица ќе можат да работат вкупно 180 денови, а во угостителството 120 денови. Бенефитот е двоен. Од една страна работодавачите ќе најдат работна сила, а други страна лицата ќе можат дополнително да придонесат за својот буџет. Со овој закон работиме на сузбивање на сивата економија и очекуваме да се ангажираат 1.000 лица во земјоделството, односно околу 7.000 лица во услужните дејности. На овој начин државата ќе ја сузбие сивата економија и ќе го полни буџетот – изјави заменик министерот за економија Ристески.
Од Регионалната стопанска комора на Прилеп го поздравија спроведувањето на законот, ја очекуваат импелементацијата и побараа да има проширување и да се ангажира работна сила и во другите стопански гранки.
-Се надеваме дека ќе излезат во пресрет на барањата и да се зголемат часовите на ангажирање на лицата, и да се задржат правата на работниците, да нема злоупотреби во поглед на работните односи – изјави Никола Маринковски, претседател на Региналната стопанска комора.
На средбата со бизнисмените од пелагонискиот регион говореше и диrekторката на УЈП Елена Петрова, посочувајќи дека со компании се сојузници.
-Имаме заедничка цел,. Наплата на даноците, праведност во оданочувањето и поволно деловно опкружување. УЈП во континуитет спроведува директни средби со стопанствениците во Македонија на кои се решаваат отворените прашања во поглед на даночната дисциплина и за подобри услуги кон нив. Најактуелно е воведување на системот за е – фактурирање што започнува од први јануари – рече Елена Петрова, директорката на УЈП Македонија. Ка.М.






























