Техно
Ако ги мешате тие два поима или мислите дека имаат исто значење, вие сте во заблуда. Постојат преклопувања, но недоволни за користење како синоним. Кога некој ќе го спомене мрачниот (дарк) веб, веројатно ви паѓаат на памет дрога, криминал, смрт и слично. Или е тоа длабокиот (дип) веб? Дали се двете?
Ако ги мешате тие два поима или мислите дека имаат исто значење, ќе појасниме во што е разликата. Иако мрачниот веб е дел од длабокиот веб, длабокиот веб всушност не е мрачен веб.
Обичниот интернет е површински веб, како што повеќето од нас го познаваат (исто така: отворен или видлив веб). Всушност, тоа е збир на веб-дестинации што ги индексираат пребарувачите. Ако нешто се појави во пребарувањето на Гугл, тоа е дел од површинскиот веб. Тоа не е случај со длабокиот или мрачниот веб. Не можете да го отворите Хром и да очекувате дека ќе најдете веб-страници од мрачниот веб користејќи го пребарувачот на Гугл. За длабокиот веб ќе мора да ја посетите секоја веб-страница посебно, а во случајот на мрачниот веб користејќи сосема посебен веб-прелистувач.


































