• По успешното предавање во Свети Николе во септември годинава, еден од најголемите умови на денешницата повторно доаѓа во Македонија со специјално предавање насловено „Трансхуманизмот е пред вратата, а каде си ти?“

Авторот на култната емисија „На рубу знаности“, легендарниот Крешимир Мишак, повторно доаѓа во Македонија! По успешното предавање во Свети Николе во септември годинава, еден од најголемите умови на денешницата повторно доаѓа во Македонија со специјално предавање насловено „Трансхуманизмот е пред вратата, а каде си ти?“ Крешимир Мишак е новинар, истражувач, писател, публицист и музичар што објавил над 10 книги и повеќе албуми. Во овие три дена во Македонија доаѓа со специјално предавање во траење од 90 минути.
Во организација на Меѓународниот славјански универзитет, неформалниот културно-уметнички колектив „Аристон“, КИЦ-Битола, КИЦ-Скопје и киното „Киноверзум“, Крешимир Мишак ќе одржи три предавања во Битола, Штип и во Скопје, и тоа на: 28 ноември 2025, петок, 20 ч. – „Киноверзум“, Штип, 29 ноември 2025, сабота, 20 ч. – кино „Манаки“, Битола, 30 ноември 2025, недела, 20 ч. – „Салон 19,19“, Скопје.
Медиумски покровители на настаните се првиот дневен весник во државата „Нова Македонија“ и интернет-порталот и јутјуб-каналот од Хрватска „АТМА“.
Настанот е поддржан и од „Мејбери хајвеј“ и „Спејс парк Скопје“.
Билетите се во ограничен број и можат да се набават преку: „Друга страна“ – https://drugastrana.mk/event/kresimir-misak/ и „Златен заб“ – https://zlatenzab.mk/.
Книгите на Крешимир Мишак се достапни во Македонија во ограничен број и можат да се набават преку „Аурум“ https://auroom.store/en/product-category/books-en/kresimir-misak-en/.
Не пропуштајте ја оваа ексклузивна можност да се запознаете со Крешимир Мишак и да слушнете повеќе за неговите истражувања и објавени книги. Ве очекуваме!