Женскиот одбојкарски шампион Јанта Волеј Кисела Вода е во криза откако во 7. коло од Првата лига жени го претрпе третиот пораз во низа и тоа со максимални 3:0 на гостувањето кај Младост УГД. Бранителот на титулата настапи само со девет одбојкарки на овој меч и немаше сила да се спротивстави на одлично расположениот ривал.
За Младост УГД ова се значајни три бода со кои ја презема четвртата позиција на табелата, додека Јанта Волеј КВ падна на петтата.
На останатите три натпревари од ова коло немаше големи турбуленции, односно Струмица жени рутински се радуваше над последнопласираната Ускана. Пелистер Волеј беше сигурен и со максимален резултат го совлада Фит Фан Волеј во Скопје, додека Газели Волеј ја продолжуваат победничката серија и со 3:0 славеа во дуелот со градскиот ривал Вардар ЕМ.
Наковски Волеј претходно во дербито со Работнички Скопје исто така запиша убедлива победа со која го презеде врвот на табелата со максимални 20 бода. Работнички Скопје е втор со 18, додека Газели Волеј има 15 бода. Младост УГД со 14 е четврти пред Јанта Волеј КВ со 12, односно Струмица жени со 10 бода.
ПРВА ЛИГА ЖЕНИ, 7. КОЛО
РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ 0:3 (18:25, 22:25, 20:25)
СТРУМИЦА ЖЕНИ – УСКАНА ВОЛЕЈ 3:0 (25:17, 25:16, 25:20)
ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ 0:3 (20:25, 14:25, 16:25)
МЛАДОСТ УГД – ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ 3:0 (25:18, 25:21, 25:14)
ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ – ВАРДАР ЕМ 3:0 (25:15, 25:19, 25:21)




































