Актуелниот куп-освојувач, екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена во најсилното домашно женско друштво откако во дерби дуелот од 7. коло од Првата одбојкарска лига жени, со максимални 3:0 (18:25, 22:25, 20:25) го победи Работнички Скопје во СЦ “Борис Трајковски” во Скопје.
Гостинките делуваа поконкретни и подисциплинирани и во полето и на мрежата и заслужено ја продолжуваат победничката серија.
Наковски Волеј со овие три бода го презема врвот на табелата во Првата лига жени
Останатите натпревари од седмото коло кај дамите во кои се среќаваат Младост УГД и Јанта Волеј КВ, Струмица жени и Ускана, Фит Фан Волеј и Пелистер Волеј, како и Газели Волеј со Вардар ЕМ се играат в сабота.




































