Фото: Пиксабеј

Унгарската Влада подготвува сеопфатен договор за инвестиции, образование, обука и технологија со американската компанија од секторот за вселенска технологија и одбрана „Војаџер Технолоџис“ (Voyager Technologies), изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто во Вашингтон.

Според него, договорот ќе ѝ овозможи на Унгарија да има активна улога во проектот на компанијата за изградба на вселенска станица.

Сијарто додаде дека „Војаџер Технолоџис“, една од водечките светски компании во областа на вселенската технологија, планира во 2029 година да лансира комерцијална вселенска станица во ниска орбита околу Земјата.