Фото: ЕПА

Објавена е маршрутата за Тур де Франс во 2026 година, а иконската друмска велосипедска трка првпат ќе почне во Барселона (Шпанија), и тоа со тимски хронометар, на 4 јули, пишува Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Возачите ќе тргнат од брегот на Средоземно Море, а целта на првата етапа ќе биде на Олимпискиот стадион, централниот стадион за Летните олимписки игри во Барселона во 1992 година.
Тур де Франс в година ќе се одржи по 113-ти пат и тоа ќе биде третпат таа велосипедска трка да почне во Шпанија, по Сан Себастијан во 1992 година и Билбао во 2023 година, а Барселона беше домаќин на етапи во три наврати, пишува ИОК.
Првите три етапи во 2026 година ќе се возат во Шпанија пред велосипедистите да преминат во Франција, при што велосипедистите ќе ги поминат Пиринеите и ќе се упатат кон Бордо. Целта на Тур де Франс и в година ќе биде во Париз.
Освојувачот на олимписката бронза, Тадеј Погачар, е двоен бранител на титулата на Тур де Франс, а Словенецот има цел да стане најуспешниот човек во историјата на таа престижна грантур-трка, со пет победи во генералниот пласман, пишува ИОК. Н.М.