Во Кинотека на Македонија до 20 септември публиката ќе може да биде дел од Деновите на хрватскиот филм.
Манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката на Република Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска.
Публиката ќе има можност да се запознае со избор од најзначајните и најуспешни дела на хрватско кино.
Церемонијата на отворањето ќе започне со филмот „Уставот на Република Хрватска“ („Ustav Republike Hrvatske“, 2016) во режија на Рајко Грлиќ. Проекциите почнуваат од 20 часот.
Во текот на неделата ќе бидат прикажани долгометражни филмови, кратки играни филмови, документарни филмови и класици на хрватското кино, а програмата ќе заврши со најновата крими-драма „На сè му доаѓа крај“ („Svemu dođe kraj“, 2024).
Сите филмови ќе се прикажуваат на оригинален јазик, со титлови на македонски и на англиски јазик.