Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа 10 минути по полноќ на локалниот пат село Горно Чичево кон Долно Чичево во општина Градско. Во несреќата починал 21-годишен жител на Градско, а тројца се здобиле со тешки телесни повреди.
Од Секторот за внатрешни работи во Велес информираа дека возилото „Бе-ем-ве“ управувано од П.А.(22) излетало од патот при што со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20), двајцата од Градско и Х.Л.(22) од с.Ногаевци.
Од здобиените повреди починал Љ.О. а останатите повредени се пренесени во Општата болница во Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција и извршен е увид од СВР Велес.