Фото: ЕПА

Ѓоковиќ не е поразен 75 меча во низа во првото коло на гранслем-турнирите, што претставува нов рекорд

ТЕНИС – ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА САД

Шкотската фудбалска федерација (ШФА) ангажираше експерти за авијација што ги обучуваат пилотите за да помогнат во подобрувањето на комуникацијата меѓу службените лица на ВАР за новата фудбалска сезона. Вили Колум, раководител на судењето на ШФА, откри дека врвните судии во Шкотска присуствувале на состанок со двајца пилоти за да им помогнат да останат смирени во ситуации под висок притисок. Надежта е да се подобри комуникацијата меѓу службените лица во центарот за видеоасистенти на судиите и оние на стадионите, во новата лигашка сезона, пишува „Би-би-си Шкотска“.
– Овие двајца врвни луѓе во Велика Британија, кои помагаат во обуката на пилотите, ни зборуваа за комуникацијата во пилотската кабина во многу, многу тешки ситуации, многу под притисок – појаснува Колум.
ВАР ќе биде во функција во Шкотска три години, а Колум сега влегува во својата втора година како одговорен за службените лица на Шкотска.
– Пилоти, тоа е живот или смрт, луѓето би рекле дека е живот или смрт и во фудбалот. Но треба навистина напорно да работиме со нашите тимови во ВАР-центарот за тоа како комуницираат, да останат смирени, да размислуваат за фактите и да бидат навистина рационални во нивниот пристап таму и да го разгледаат тоа. Ова се нивоата на кои одиме. Сакаме да се подобриме и ќе направиме сè што можеме за да се подобриме – уверува Колум.
Тој вели дека главната поука од таа посета била комуникацијата, но не само разговор едни со други, туку поспецифични начини на комуникација.
– Дали беа отворени прашања, ВАР го прашуваше АВАР (помошникот на видеоасистент-судијата), а не го водеше АВАР, за да може АВАР да го даде своето мислење? Ова се навистина важни работи. Повторно, сепак, во жештината на битката, ни требаат ВАР и АВАР да функционираат така. Бевме во ВАР-центарот шест-седум пати пред сезоната за да тренираме и тоа нè однесе на друго ниво. И тоа го вклучиме во нашата работа во оваа сезона – вели Колум. Г.И.