Повик за соработка од „Колибри“: Раскажете ни ги летните доживувања со збор и цртеж!

Драги деца, за десетина дена ќе почне новата учебна година. Се надеваме дека убаво се одморивте и оти сте подготвени за новите училишни обврски? Но, еве, уште еднаш ќе ве замолиме да бидете дел од последниот повик за соработка на „Колибри“ и да ни раскажете со збор или со цртеж како го поминавте ова долго, топло лето. Можете да ни испратите песни, цртежи, раскази и репортажи од вашите летни доживувања и авантури сѐ до 15 септември. Рокот малку го продолживме со цел повеќе дечиња да добијат награди, убави книги од „Македоника литера“ што веќе пристигнаа во нашата редакција.
Еве, ќе ви откриеме и дека досега добивме убави песнички и раскази од вас, но ајде нека биде овој конкурс помасовен, како мало загревање на почетокот на учебната година.
Затоа, ве чекаме со нетрпение, а во вашата креативност не се сомневаме.
Вашите творби испратете ги на мејлот: [email protected] до 15 септември.