Здрава храна
Сите им се восхитуваме на луѓето што се во своите 90-ти години и сè уште можат да изведуваат совршени танцови движења и ѕвездени настапи како да се млади. Двајца лекари, Стив Бауерс и неговата сопруга Елизабет Шимер Бауерс, решија да откријат што им е заедничко на сите тие многу здрави луѓе. Тие пронашле 70-годишни навивачки, 80-годишни падобранци и 90-годишни спринтери и други совршено здрави и силни луѓе што се во поодминати години и ги прашале што јадат за појадок, ручек, вечера и ужина.
Така се роди книгата „Тајните на најздравите луѓе во светот“. Ги издвојуваме намирниците што ги споменале интервјуираните лица – и тоа неколкупати.
Бадемите се богати со масти, влакна и протеини и се многу повеќе од само ужина. Можете да ги користите за побогат овес, да речеме, јогурт или за мафини. Можете да направите и поздрави палачинки со бадемово брашно. Авокадото е вистинско суперовошје. Содржи повеќе калиум од бананата, содржи многу мононезаситени масни киселини, кои се одлични за тенок струк и здраво срце, и влакна што ве држат сити.
Гравот е полн со влакна и е одличен за многу повеќе од само регулирање на варењето на храната. Помага во регулирањето на шеќерот во крвта, го подобрува холестеролот и го зајакнува целокупното дигестивно здравје.
Бобинките се исто така одлични за здравјето. Кари Дуган, која се чини дека престанала да старее во своите 30-ти години, вели дека јадењето боровинки е нејзина секојдневна навика. Сега има 60 години, но има енергија и тело на многу помлада личност.
Можеби не изгледа привлечно, но брокулата е исклучително здрава и е добар антиоксидант. Не пропуштајте да ја јадете барем еднаш неделно.
Циметот е ваш пријател за губење на тежината. Помага во намалување на шеќерот во крвта и намалување на воспалението во телото, а можете да го користите и за збогатување на вашето утринско кафе. Особено здрава комбинација се циметот и медот.
Кафе: Сигурно сте се запрашале дали е здраво за вас. Ако сте љубител на овој црн пијалак, тогаш ќе бидете многу задоволни. Турското кафе, на пример, е многу добро кога се пие во умерени количества. Тоа го намалува ризикот од дијабетес, срцеви заболувања и одредени видови рак.