Фотографијата „Разгледница“ на авторот Гонца Перунковска е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
– Во центарот на еден од најстарите градови на Балканот, древно Кратово со богата историја, многу кули и камени мостови. Времето тука како да застанало, за да остави сведоштво и траги од постоењето на староградска македонска архитектура, прекрасните куќи со автентичните чардаци – вели Перунковска.
Фотографијата е избрана од најголемата македонска фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories.
Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.

„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.