КОШАРКА
Кошаркарската НБА-лига ќе се врати во Велика Британија првпат по 2019 година. Во Лондон ќе се одигра натпревар од регуларната сезона помеѓу Орландо и Мемфис на 18 јануари 2026 година, Манчестер ќе биде домаќин на натпревар од регуларната сезона во 2027 година, а тимовите за таа средба ќе бидат објавени пред почетокот на таа сезона, пишува „Би-би-си“.
Натпреварот в година ќе биде првиот НБА-дуел одигран во Велика Британија по победата на Вашингтон на средбата со Њујорк во јануари 2019 година. Лондон претходно беше домаќин на годишни натпревари помеѓу 2011 и 2019 година.
НБА ќе одржи по два натпревара во Европа во 2026, 2027 и во 2028 година. Берлин ќе биде домаќин на другата средба во 2026 година, Париз во 2027 година, а во 2028 година двата града ќе бидат домаќини на по еден меч од НБА-лигата. Екипите за натпреварите во 2027 и во 2028 година ќе бидат одредени пред почетокот на тие сезони.
Мечеви од НБА во странство се одржуваат од 1990 година, а во јануари годинава се одиграа два во Париз, помеѓу Сан Антонио и Индијана (по една победа за двата тима). Досега вакви натпревари се одиграни во Јапонија, Мексико, Велика Британија и во Франција. Н.М.
МЕЧЕВИ ВО ЕВРОПА ОД НБА-ЛИГАТА ВО СЛЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ
ДАТУМ ДВОЈКА ГРАД
15.1.2026 Орландо – Мемфис Берлин
18.1.2026 Мемфис – Орландо Лондон
2027 г. еден натпревар Париз
2027 г. еден натпревар Манчестер
2028 г. еден натпревар Берлин
2028 г. еден натпревар Париз
Извор: Би-би-си