Неделава се одржа промоцијата на првата збирка теориски есеи од Ивана Хаџиевска, „Суспендирана итност. Есеи од крајот на времето“, со која наедно се отвора едицијата „Современа теорија“ во издавачката куќа „Илика“. Средбата на читачкиот кружок е закажана вечерва, во 19 часот, во социјалниот центар „Дуња“. Низ отворен разговор со авторката, на средбата присутните ќе имаат можност подробно да поразговараат за есеите, да споделат импресии од прочитаното и заеднички да ги толкуваат во поширок контекст.
„Суспендирана итност“ е збирка есеи што Ивана Хаџиевска ги пишувала и ги објавила во периодот од 2014 до 2024 година. Тие се пишувани низ призмата на историјата, социологијата, филмот и родовата димензија. Авторката ги разгледува симптомите на руптурните кризи што го потресувале светот од 20 до 21 век.