Фото: КФМ

Македонија, Романија и Унгарија летово ќе се тркаат за првите две места што носат пласман во главните квалификации, победникот потоа би играл со Грција, Црна Гора и со Португалија, а второпласираниот со Франција, Финска и со Белгија

КОШАРКА – ЖДРЕПКА ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП 2027

Ако ги помине претквалификациите за пласман на Светското првенство (СП) во 2027 година, машката репрезентација на Македонија ќе игра во една од двете извлечени групи од главниот дел на квалификациите за настап на СП 2027 во Катар. Европскиот дел од светската кошарка на СП ќе биде претставен со 12 селекции.
Според системот за натпреварување во квалификациите, 32 европски репрезентации ќе бидат поделени во осум групи. Првопласираните три продолжуваат во следната фаза, во четири новоформирани групи, од каде што по три најдобри обезбедуваат место на СП 2027.
Македонија е една од 12-те репрезентации што ќе играат во претквалификациите за место во главната квалификациска фаза. Црвено-жолтите се во групата Б, во која се и репрезентациите на Романија и на Унгарија. Во периодот од 2 до 20 август, овите три селекции ќе се тркаат за првите две места што обезбедуваат пласман во главните квалификации за СП.
Првопласираната селекција од таа група за противници во квалификациите ќе ги има селекциите од групата Б, во која се наоѓаат Грција, Црна Гора и Португалија. Второпласираната селекција од групата на Македонија, пак, за ривали во квалификациите ќе ги има репрезентациите од групата Г, а тоа се Франција, Финска и Белгија. Г.И.


КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2027

Група А: Шпанија, Грузија, прв во претквалификациската група А, втор во претквалификациската група Д
Група Б: Грција, Црна Гора, прв во претквалификациската група Б (Македонија, Романија, Унгарија), Португалија
Група Ц: Србија, Турција, БиХ, втор во претквалификациската група А
Група Д: Литванија, Италија, Велика Британија, Исланд
Група Е: Германија, Израел, Кипар, прв во претквалификациската група Д
Група Ф: Летонија, Полска, прв и втор од претквалификациската група Ц
Група Г: Франција, Финска, Белгија, втор во претквалификациската група Б (Македонија, Романија, Унгарија)
Група Х: Словенија, Чешка, Шведска, Естонија