ФОТО: НСП/Фејсбук

Членови на Независниот синдикат на полицијата денеска напладне излегоа на протест пред судовите во Скопје, на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, барајќи да се почитува Законот за минимална плата и судските постапки да се спроведуваат во законски предвидените рокови.

– Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на Апелациониот суд – Скопје со апелационите судови од Битола и Гостивар, што го потврдуваат нашето барање – велат од Независниот синдикат на полицијата, организатор на протестот.

Според најавите,  по обраќањата учесниците на протетсот ќе се упатат пеш кон Судскиот совет.

– Бараме воедначување на судската пракса на Апелациониот суд – Скопје со апелационите судови од Битола и Гостивар, што го потврдуваат нашето барање – велат од Независниот синдикат на полицијата, организатор на протестот.

Според најавите,  по обраќањата учесниците на протетсот ќе се упатат пеш кон Судскиот совет.